Лежај Дрим
Лежај Дрим е стилски и современ мебелски елемент кој го комбинира естетскиот дизајн со практичност, создавајќи централна точка во спалната соба и овозможува удобност и хармонија.
Original price was: 21.744,00 ден.19.570,00 денCurrent price is: 19.570,00 ден.
(со важност од 1.12.2025)
Опис на производот
Лежај Дрим е стилски и современ мебелски елемент кој го комбинира естетскиот дизајн со практичност, создавајќи централна точка во спалната соба и овозможува удобност и хармонија.
Лежајот нуди стабилност и сигурност благодарение на квалитетната изработка и цврстата конструкција. Неговата минималистичка форма лесно се комбинира со различни ентериери, од модерни до класични. Внимателно избраните нијанси и материјали создаваат пријатна и релаксирачка атмосфера. Совршен е за оние што бараат рамнотежа меѓу комфор и стил.
Димензии
- Ширина: 165 см
- Длабочина: 218,5 см
- Висина: 100 см
- За душек: 160 × 200 см
Избор на бои и дезени
- Артисан / црно
- Бело / црно
Дополнителни информации
- Изработен од иверка(дебелина: 18 мм и 25 мм) за фронтови и корпус
- Дизајн со црни метални ногарки, кои создаваат контраст и дополнителен стил
- Наслон во тамносив тон за елегантен и изразен изглед
- Моделот се вклопува совршено со останати елементи од колекцијата „Дрим“ (ноќни ормарчиња, комоди)
- Во цената не е вклучен душек
Лежај Дрим е вистински избор за спална соба која зрачи со современ изглед и мир.
Дополнителни информации
| Категорија на мебел штоф: | |
|---|---|
| Димензија: | 165х218.5х100 |
| Простор за спиење: | |
| Кутија за складирање: |
Оценки од купувачи
Правила и услови за испорака
- Бесплатна достава на територија на град Скопје – директно до домашна адреса (освен кога производот се продава без превоз и монтажа).
- За локации надвор од Скопје, достава се наплаќа по 60 денари по километар.
- Рок на достава: до 30 работни дена, освен ако не е договорено поинаку или 7 работни дена за производите на залиха.
- Пристапност: Локацијата мора да биде достапна за товарни возила.
- Испорака: Се врши до дворно место или прв достапен влез во зграда/куќа.
- 1–2 дена пред испораката, купувачот ќе биде контактиран за потврда на датумот и времето. На денот на испораката, купувачот повторно ќе биде контактиран за координација и потврда на приемот.
Правила и услови за монтажа
Монтажата се изведува од страна на овластени монтажери на Алекс Дизајн и не е вклучена во цената на производот.
Се наплаќа според важечкиот ценовник.
| Категорија на производ | Основна цена | Попуст за 2 или повеќе монтажи |
| Тапациран мебел (аголни гарнитури, троседи, лежаи) | 1.500 денари | -20% до -50% |
| Плочест мебел (плакари, комоди, наткасни, кујни, полици) | 10% од вредноста на производот | -20% до -50% |
Монтажа на ѕидни елементи не е дел од услугата.
По извршена монтажа, купувачот треба да ја провери состојбата на производот.
Во случај на недостатоци, се составува записник во присуство на претставник од Алекс Дизајн.
Што се случува откако ќе нарачате мебел?
Кај нас процесот е јасен, транспарентен и без изненадувања - чекор по чекор.
Од првиот клик до последниот шtраф - знаете точно што следува. Затоа нашите клиенти купуваат со доверба и се враќаат повторно.
01
Клиент
Ја правите нарачката онлајн – брзо и едноставно. При правење на нарачката ги потврдувате деталите за производот и ни доставувате Ваши податоци (име, адреса, телефон).
02
Алекс Дизајн
Ве контактираме лично во следните 24-48 часа. Ги проверуваме деталите, одговараме на прашања и Ви изготвуваме Профактура. Сѐ е прецизно наведено, за да знаете точно што плаќате.
03
Алекс Дизајн
Уплатата ја вршите по договор – целосно или на рати, според избраниот начин на плаќање. Сигурно, едноставно и без притисок.
04
Алекс Дизајн, клиент
Ве контактираме за прецизирање на доставата. Го подготвуваме и доставуваме мебелот во договорениот рок. Ве информираме навреме за терминот на испорака.
05
Алекс Дизајн, клиент
Нашиот тим врши професионална монтажа (доколку е вклучена во услугата). Брзо, чисто и прецизно – вие само уживате во резултатот.
06
Алекс Дизајн
Вашиот мебел е покриен со гаранција.
Ние сме тука и после купувањето – за поддршка, совети и сигурност.
Дополнителен предлог


Американски плакар Елеганс АП
Original price was: 39.166,00 ден.35.250,00 денCurrent price is: 35.250,00 ден.

Дополнете кошничка
Дневна соба Алба, канела/бело
Original price was: 64.533,00 ден.58.080,00 денCurrent price is: 58.080,00 ден.
Дневна соба Смарт Тв комода
Original price was: 8.700,00 ден.7.830,00 денCurrent price is: 7.830,00 ден.
Аголна гарнитура Оаза
Original price was: 51.112,00 ден.38.334,00 денCurrent price is: 38.334,00 ден.
Сакате прво да го видите мебелот во живо?
Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне - без притисок, без обврска.
Посетете го нашиот салон
Не сте сигурни? Јавете се.
Што ќе проверите „во живо“?
– Реална боја и материјал
– Проверка на удобност
– Помош од стручно лице
– Подобра одлука, без каење
Ќе ги потврдиме нашите услови со понуда и договор.
Лесно нѐ наоѓате - еве каде сме
Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне – без притисок, без обврска.










