БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА
-20%ИЗДВОЕНА ПОНУДА

Аголна гарнитура Монако

Аголна гарнитура Монако е спој на комфор и практичност во кој едноставно ќе уживате. Модел на аголна гарнитура која има две кутии за складирање и има можност да се претвори во кревет за спиење со површина од 260×153 цм. Изборот на формата на аголот како и квалитетна ткаенина од широка палета на бои е ваш.

ОГРАНИЧЕНА ПОНУДА
⏰ важи до 31.3.2026

Original price was: 52.950,00 ден.Current price is: 42.360,00 ден.

БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА

Сподели:

Опис на производот

Аголна гарнитура Монако е создадена за оние кои сакаат современ изглед, практичност и вистински комфор во едно. Со својот елегантен дизајн и внимателно изработени линии, таа совршено се вклопува во секој модерен ентериер, нудејќи удобно место за одмор и дружење.

Аголна гарнитура Монако располага со две кутии за складирање, кои овозможуваат лесна организација на постелнина, ќебиња или перници, задржувајќи ја просторијата секогаш уредна. Покрај тоа, гарнитурата има вграден механизам за спиење, со што едноставно се трансформира во удобен лежај со површина од 260 × 153 см  идеален за секојдневно користење или за сместување гости. Дополнителна предност се две практични табуретки кои можат да се сместат во самата страница на гарнитурата, обезбедувајќи дополнителен простор за седење без да го нарушат елегантниот изглед на целиот сет. Седиштето е изработено со жичано јадро кое овозможува одлична поддршка, еластичност и трајна удобност при користење.

  • Надворешна димензија 290 × 210 см
  • Длабочина 100 см
  • Длабочина седиште 60 см
  • Висина страна 59 см
  • Висина седиште 45 см
  • Висина наслон 77 см
  • Висина со перници 87 см
  • Простор за спиење 260 × 153 см
  • Кутии за складирање 2 (под седиштата)
  • Табуретки 2 вградени (во страничниот дел)

Предности:

  • Механизам за спиење – брза и лесна трансформација во лежај
  •  Две практични кутии за складирање
  • Две табуретки вградени во конструкцијата
  • Седиште со жичано јадро за врвна удобност
  • Можност за избор на агол, ткаенина и боја
  • Современ дизајн што се вклопува во секој простор

Дополнителни информации

Категорија на мебел штоф: А, Б, Ц
Димензија: 290x210x75
Простор за спиење: 263х153
Кутија за складирање: Да

Оценки од купувачи

Правила и услови за испорака

Во Алекс Дизајн, секоја испорака ја третираме како дел од нашето ветување за квалитетна услуга. Нашата цел е производите да пристигнат точно, безбедно и без дополнителни грижи од ваша страна.
  • Бесплатна достава на територија на град Скопје – директно до домашна адреса (освен кога производот се продава без превоз и монтажа).
  • За локации надвор од Скопје, достава се наплаќа по 60 денари по километар.
  • Рок на достава: до 30 работни дена, освен ако не е договорено поинаку или 7 работни дена за производите на залиха.
  • Пристапност: Локацијата мора да биде достапна за товарни возила.
  • Испорака: Се врши до дворно место или прв достапен влез во зграда/куќа.
  • 1–2 дена пред испораката, купувачот ќе биде контактиран за потврда на датумот и времето. На денот на испораката, купувачот повторно ќе биде контактиран за координација и потврда на приемот.
Доколку купувачот не е достапен во договорениот термин, трошоците за неуспешна испорака се на негов товар. Во тој случај, производите може да се подигнат лично од магацинот на Алекс Дизајн. При приемот, купувачот потпишува потврда за достава. Доколку некој артикл недостасува, Алекс Дизајн ќе го достави дополнително и бесплатно, во најкраток можен рок.

Правила и услови за монтажа

Важност: од од 01.12.2025 година

Монтажата се изведува од страна на овластени монтажери на Алекс Дизајн и не е вклучена во цената на производот.
Се наплаќа според важечкиот ценовник.

Категорија на производОсновна ценаПопуст за 2 или повеќе монтажи
Тапациран мебел (аголни гарнитури, троседи, лежаи)1.500 денари -20% до -50%
Плочест мебел (плакари, комоди, наткасни, кујни, полици)10% од вредноста на производот -20% до -50%

Монтажа на ѕидни елементи не е дел од услугата.
По извршена монтажа, купувачот треба да ја провери состојбата на производот.
Во случај на недостатоци, се составува записник во присуство на претставник од Алекс Дизајн.

Што се случува откако ќе нарачате мебел?

Многу купувачи се двоумат не затоа што не им се допаѓа мебелот, туку затоа што не знаат што точно следува после „Купи“ од нашава е-продавница.
Кај нас процесот е јасен, транспарентен и без изненадувања - чекор по чекор.

Од првиот клик до последниот шtраф - знаете точно што следува. Затоа нашите клиенти купуваат со доверба и се враќаат повторно.
Нарачка

01

Клиент

Ја правите нарачката онлајн – брзо и едноставно. При правење на нарачката ги потврдувате деталите за производот и ни доставувате Ваши податоци (име, адреса, телефон).

Нарачка
Контакт од наш тим

02

Алекс Дизајн

Ве контактираме лично во следните 24-48 часа. Ги проверуваме деталите, одговараме на прашања и Ви изготвуваме Профактура. Сѐ е прецизно наведено, за да знаете точно што плаќате.

Контакт од наш тим
Уплата

03

Алекс Дизајн

Уплатата ја вршите по договор – целосно или на рати, според избраниот начин на плаќање. Сигурно, едноставно и без притисок. 

Уплата
Достава

04

Алекс Дизајн, клиент

Ве контактираме за прецизирање на доставата. Го подготвуваме и доставуваме мебелот во договорениот рок. Ве информираме навреме за терминот на испорака.

Достава
Монтажа

05

Алекс Дизајн, клиент

Нашиот тим врши професионална монтажа (доколку е вклучена во услугата). Брзо, чисто и прецизно – вие само уживате во резултатот.

Монтажа
Гарантен период

06

Алекс Дизајн

Вашиот мебел е покриен со гаранција.
Ние сме тука и после купувањето – за поддршка, совети и сигурност.

Гарантен период

Дополнителен предлог

  • Аголна гарнитура Деа

    Original price was: 58.955,00 ден.Current price is: 53.060,00 ден.

    -10%
    Аголна гарнитура Деа
  • Тросед Деа

    Original price was: 43.556,00 ден.Current price is: 39.200,00 ден.

    -10%
    Тросед Деа
  • Аголна гарнитура Дуна

    Original price was: 57.555,00 ден.Current price is: 51.800,00 ден.

    -10%
    Аголна гарнитура Дуна
  • Тросед Амстердам ц кат – експонат

    Original price was: 39.822,00 ден.Current price is: 27.875,00 ден.

  • Дополнете кошничка
  • Ормар Калиопа 270

    Original price was: 53.188,00 ден.Current price is: 47.870,00 ден.

    -10%Достапно веднаш
    Ормар Калиопа 270
  • Стол Дора

    Original price was: 4.583,00 ден.Current price is: 4.125,00 ден.

    -10%
    Стол Дора
  • Тросед Торино

    Original price was: 21.950,00 ден.Current price is: 17.560,00 ден.

    -20%
    Тросед Торино во дневна соба
  • Фотеља Бени

    Original price was: 12.875,00 ден.Current price is: 10.300,00 ден.

    -20%
    Фотеља Бени
  • Сакате прво да го видите мебелот во живо?

    Дојдете, седнете, допрете - па одлучете. Мебел најдобро се бира со очи и чувство.
    Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне - без притисок, без обврска.
    Посетете го нашиот салон
    Погледнете го мебелот во реална големина, проверете ги материјалите и изберете комбинација што најмногу одговара на вашиот дом.
    КАКО ДА ДОЈДАМ ДО САЛОНОТ

    Не сте сигурни? Јавете се.

    Нашиот тим ќе ви помогне со совет, димензии, рокови и можности за плаќање - брзо и јасно, на мобилен или вибер. 

    Што ќе проверите „во живо“?

    – Реална боја и материјал
    – Проверка на удобност
    – Помош од стручно лице
    – Подобра одлука, без каење

    Ќе ги потврдиме нашите услови со понуда и договор.

    Лесно нѐ наоѓате - еве каде сме

    Дојдете, седнете, допрете - па одлучете. Мебел се бира со очи и чувство, не само со слика.
    Посетете нè во салонот и изберете мебел со целосна сигурност. Нашиот тим е тука да ви помогне – без притисок, без обврска.