Политика за квалитет

Што се подразбира под поимот КВАЛИТЕТ

Поимот Квалитет наједноставно можеме да го дефинираме како ниво на задоволување напотребите и барањата на потрошувачите – способност на производите и услугите да ги задоволуваат или надминуваат очекувањата на клиентите.

  • Квалитетот значи да го добиеш она за што си платил.
  • Квалитетот не е нешто што се усвојува како специјална особина, туку како нешто што е интегрален дел на производот или услугата

Воведувањето на системот на целосно управување со квалитето тим а свое економско оправдување, само ако се зголемат приходите, намалат трошоците и зголеми профитот

  • За да се работи квалитетно треба квалитетно да се мисли.
  • Квалитетот најпрвин треба да се разбере и прифати, па потоа квалитетно да се применува и да се очекуваат добри резултати.

“КВАЛИТЕТОТ СЕ ТЕМЕЛИ НА ЗНАЕЊЕ”

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

За реализацијата на својата основна цел, компанијата Алекс-Дизајн Скопје, првенствено се фокусира на задоволството на своите клиенти преку почитувањето на следниве принципи:

  • Професионален однос со своите клиенти како и исполнувањето на договорените обврски во предвидените рокови
  • Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на клиентите
  • Континуирано усовршување на нивото назнаење, способности вештини за зголемување на компетентноста за извршување на своите работни задачи
  • Идентификација и отстранување на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на квалитетот на работа
  • Континуирано следење на степенот на задоволство на клиентите и проучување на нивните препораки и барања за подобрување на квалитетот на услугите и усовршување на системот на управување
  • Постојано усовршување на процесите со современ софтвер
  • Одржување на високо квалитетен и мотивиран тим 
  • Благовремено и адекватно планирање на сите активности

Алекс Дизајн, дизајн кој Ве фокусира на Вистинските вредности!!!