ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Добредојдовте во Алекс Дизајн!
Нашата мисија е секое купување да биде лесно, сигурно и пријатно искуство – од изборот на производот до неговата испорака и монтажа во вашиот дом.
Со долгогодишно искуство и доверба од илјадници клиенти, се стремиме секој производ да пристигне навреме, безбедно и во совршена состојба.
Во продолжение се наведени сите услови за достава, внесување, монтажа, плаќање, гаранција и враќање на производи, подготвени за да ви овозможат јасност, сигурност и целосна поддршка при секој чекор на купувањето.
1. ДОСТАВА
Во Алекс Дизајн, секоја испорака ја третираме како дел од нашето ветување за квалитетна услуга.
Нашата цел е производите да пристигнат точно, безбедно и без дополнителни грижи од ваша страна.
- Бесплатна достава на територија на град Скопје – директно до домашна адреса (освен кога производот се продава без превоз и монтажа).
- За локации надвор од Скопје, достава се наплаќа по 60 денари по километар.
- Рок на достава: до 35 работни дена, освен ако не е договорено поинаку или 7 работни дена за производите на залиха.
- Пристапност: Локацијата мора да биде достапна за товарни возила.
- Испорака: Се врши до дворно место или прв достапен влез во зграда/куќа.
- 1–2 дена пред испораката, купувачот ќе биде контактиран за потврда на датумот и времето. На денот на испораката, купувачот повторно ќе биде контактиран за координација и потврда на приемот.
Доколку купувачот не е достапен во договорениот термин, трошоците за неуспешна испорака се на негов товар.
Во тој случај, производите може да се подигнат лично од магацинот на Алекс Дизајн.
При приемот, купувачот потпишува потврда за достава.
Доколку некој артикл недостасува, Алекс Дизајн ќе го достави дополнително и бесплатно, во најкраток можен рок.
2. ВНЕСУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Купувачот е одговорен за внесување на производите во објектот, освен ако не е договорено поинаку.
Просторот каде што ќе се поставува мебелот треба да биде подготвен и пристапен за мебел со стандардни димензии.
Купувачот е должен да ги провери димензиите на производот и пристапноста на просторот каде што ќе се внесува (врати, скали, лифт и слично).
Нашиот продажен тим секогаш стои на располагање за точни информации поврзани со димензии, пакување и технички детали за производот.
Алекс Дизајн не сноси одговорност доколку производот не може да се внесе или не се вклопува во просторот.
Сите дополнителни трошоци за внесување (со кран, преку тераса итн.) се на товар на купувачот.
3. МОНТАЖА НА ПРОИЗВОДИ *важи од 01.12.2025 година
Монтажата се изведува од страна на овластени монтажери на Алекс Дизајн и не е вклучена во цената на производот.
Се наплаќа според важечкиот ценовник.
|
Категорија на производ |
Основна цена |
Попуст за 2 или повеќе монтажи |
|
Тапациран мебел (аголни гарнитури, троседи, лежаи) |
1.500 денари |
-20% до -50% |
|
Плочест мебел (плакари, комоди, наткасни,, полици) |
10% од вредноста на производот |
-20% до -50% |
Монтажа на ѕидни елементи не е дел од услугата.
По извршена монтажа, купувачот треба да ја провери состојбата на производот.
Во случај на недостатоци, се составува записник во присуство на претставник од Алекс Дизајн.
4. ГАРАНЦИЈА
Секој производ купен преку интернет страната или физичката продавница на Алекс Дизајн , има соодветен гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за важноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:
- Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка,фактура-испратница)
- Видливи обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
- Видливи оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
- Видливи физички оштетувања на производот.
5. Димензии на производите, просторот и враќање на производ
Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производот кој го купуваат, како и да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел -пристапноста на просторот (врати, скали, лифт и сл.). Продажниот персонал стои на располагање за точни информации за димензии и пакување.
Враќање на производот се одобрува само за немонтирана, неоштетена и неотпакувана роба за која се составува записник при нејзиното превземање. *Враќање не е дозволено за производи изработени по персонализирана нарачка на клиентот, вклучувајќи:
- избор на боја
- избор на штоф
- промена на форма
- други индивидуални прилагодувања
Во случај купувачот да одлучи да го врати производот — не по вина на Алекс Дизајн или доставувачот, и да побара рефундација на уплатената сума, се постапува според следната постапка:
🟢 Опција 1 – Самостојно враќање од страна на купувачот
Купувачот може самостојно да го организира транспортот до продажното место, без никаков дополнителен надомест кон Алекс Дизајн.
При приемот на производот во присиство на купувачот, ќе биде направена проверка и составен записник за состојбата на производот.
🟤 Опција 2 – Враќање организирано од Алекс Дизајн
Алекс Дизајн може да го организира транспортот на производот по договор со купувачот. Во тој случај, сите трошоци за испорака и дополнителни трошоци се на товар на купувачот, со минимален надомест од 3.000 денари, кој во зависност од видот, вредноста на производот може да се зголеми . При приемот на производот во присиство на купувачот, ќе биде направена проверка и составен записник за состојбата на производот. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.
6. Рокови на испорака чување на производи
Алекс Дизајн се стреми да обезбеди брза и сигурна испорака за сите производи, во најкраток можен рок.
-
За производи кои се на залиха, испораката се врши во рок од до 7 работни дена од моментот на потврда на нарачката.
-
За производи по нарачка, рокот за испорака е до 30 работни дена, освен ако не е поинаку наведено при купувањето.
- Алекс Дизајн обезбедува бесплатно чување на производите до 14 дена по истекот на рокот за испорака. По истекот на тој рок, може да се наплатат симболични трошоци за складирање.
7. Начини на плаќање
При склучување на договор за нарачка, купувачот може да изврши:
– плаќање на целиот износ, или
– авансно плаќање во висина од 30% од вкупниот износ, при што преостанатиот дел се доплаќа најдоцна 1 (еден) ден пред денот на испорака на производот.
7.2 Плаќање на рати со кредитни картички
Плаќањето на рати без камата е овозможено преку кредитни картички издадени од Шпаркасе банка, со можност за отплата до 24 месечни рати без камата, согласно условите на банката. Важи исклучиво за производи по редовна цена
7.3 Плаќање на рати преку потрошувачки кредит
Плаќањето на рати може да се реализира и преку потрошувачки кредит, обезбеден од IuteCredit Македонија, согласно условите на кредитната институција. Купувањето на рати преку IuteCredit Македонија е овозможено преку следните кредитни производи:
7.4.1 Flexi – до 36 рати
- кредит до 200.000 денари
- отплата до 36 месечни рати
- договорот се потпишува преку апликацијата MyIute
- каматата е пресметана во месечните рати
- цената за клиентот е иста како цената за плаќање во готово, вклучувајќи и промотивни цени
7.4.2 Smart 0% (4m) – до 4 рати без камата
- отплата до 4 месечни рати
- 0% трошоци за клиентот
- важи само за цена при плаќање во готово
- не важи за промотивни цени
- понудата е ограничена
7.5.3 Comfort Health & Education – до 12 рати без камата
- отплата до 12 месечни рати
- 0% трошоци за клиентот
- важи исклучиво за производи по редовна цена
7.4 Плаќање со платежни картички
Плаќањето може да се изврши и со следните платежни картички:
VISA/MAESTRO/MASTER CARD
8. ЗАВРШНИ ИНФОРМАЦИИ
Алекс Дизајн се стреми секој купувач да добие производ со проверен квалитет и коректна услуга.
Нашиот тим е секогаш достапен за дополнителни информации, совет или помош околу избор, испорака и користење на мебелот.
Ви благодариме што одбравте Алекс Дизајн – Дизајн кој ве фокусира на вистинските вредности.

